Академија за UX/UI
„Ако мислиш дека UX/UI е само да направиш нешто што изгледа убаво – размисли повторно. Ова е за тие што сакаат да разберат луѓе, да решаваат проблеми и да создаваат искуства што навистина прават разлика.“
„Не ми беше доволно да направам нешто што изгледа убаво – сакав да знам зошто тоа функционира.“
Кристијан Костадиновски, или попознат меѓу пријателите како Кико, e студент на UX/UI Академијата во Семос Едукација, кој нѐ потсети дека дизајнот не е површен процес, туку начин на комуникација.
Со силен интерес за визуелна работа, но уште поголема љубопитност за психологијата зад однесувањето на корисниците, Кристијан започна со идеја да ја структурира својата креативност, а заврши со целосно нова перспектива.
„UX/UI дизајнот ми даде простор каде што можам да мислам, анализирам и создадам – сè во исто време.“
Многумина ја потценуваат оваа област, сметајќи ја за „нешто со бои и копчиња“. Но како што вели Кристијан:
„Оваа академија не е лесна – и баш затоа ми се допаѓа.“
Тој низ процесот научил како да го разбере корисникот – што го води, што го кочи, што го тера да кликне. UX значи истражување, психологија, комуникација, аналитика – и постојано поставување прашања.
Кристијан низ Академијата помина низ целосен UX/UI процес: од истражување, скицирање, wireframes, до тестирање и финален прототип. Научил да гледа пошироко, да размислува критички и да ја поврзе естетиката со функционалноста.
„Сега не гледам само како дизајнер, туку и како истражувач и комуникатор. Почнав поинаку да ги гледам веб страните, апликациите… знам зошто нешто е тука, и како влијае на изборот на корисникот.“
„Ако мислиш дека UX/UI е само да направиш нешто што изгледа убаво – размисли повторно. Ова е за тие што сакаат да разберат луѓе, да решаваат проблеми и да создаваат искуства што навистина прават разлика.“