Успешна приказна – Горан Кузманоски

Горан Кузманоски студент на ISTQB Software tester and Test Analyst програмата поддржана од АВРСМ

БЛОГ ОБЈАВА
Од економија до софтверско тестирање со визија и храброст

Во светот на технологијата, потребни се луѓе кои не се плашат да почнат од почеток, да вложат во себе и да се соочат со непознатото. Е токму таков е нашиот rising star на неделата – Горан.

Кој е Горан?

„Јас сум Горан, магистер по економски науки во областа на MBA менаџмент при УКИМ, Скопје,“ ни раскажува тој. По долгогодишна кариера во друга сфера, почувствувал дека е време за промена. Иако зад себе има искуство во data quality control – каде што ги изгради своите вештини за комуникација, решавање проблеми и внимание на детали – Горан решава да излезе од комфорната зона и да започне нова професионална приказна.

Почетокот на твојата приказна во Семос Едукација

„Семос Едукација го избрав поради нешто многу поважно од само програма – поради начинот на кој се третираат луѓето. Тука не сте само број. Тука сте вреднуван како личност, добивате поддршка и мотивација на секој чекор од вашиот развој,“ вели Горан.

Личното мото што го води

„Да бидеме отворени за учење, бидејќи секој нов предизвик е шанса за напредок и успех.“

Оваа мисла го води Горан секој ден. Според него, токму тогаш кога ќе се ослободите од стравот од непознатото, започнува вистинскиот раст – и личен и професионален.

Впечатоци од програмата ISTQB Software Tester & Test Analyst поддржана од АВРС

Горан не ја крие својата импресија од предавачите: „Посветеноста и стручноста беа на високо ниво. Предавачите знаеја како да ги објаснат и најсложените теми на едноставен и разбирлив начин. Но уште поважно – не инспирираа да се ослободиме од стравот и да влеземе во светот на тестирањето со самодоверба.“

Како обуката му го промени професионалниот пат

Благодарение на програмата, Горан успешно го положи ISTQB Foundation Level испитот, но уште поважно – стекна сигурност и нова перспектива: „Сега се чувствувам многу подобро подготвен да се справам со комплексни задачи, да комуницирам поефикасно и да бидам корисен член на секој тим.“

Порака до идните студенти на Семос Едукација

„Не плашете се од нови предизвици – тие се клучот за вашиот раст и успех. Искористете ја секоја можност за учење, развивање и поврзување со луѓе.“

#software-tester
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР