Rising Star of the Week: Глорија Рибарска

Од правник до HR професионалец - кога знаењето е најдобрата инвестиција.

БЛОГ ОБЈАВА
Од правник до HR професионалец - кога знаењето е најдобрата инвестиција.

Глорија Рибарска е правник по вокација, магистер по правни науки, но нејзината професионална приказна во последната година добива сосема нов правец – човечките ресурси. Работејќи во HR секторот, Глорија одблиску видела колку е значајна и комплексна работата со луѓе – од регрутација и развој на вработени, до градење организациска култура. Токму тоа искуство ја довело до Семос Едукација и Академијата за човечки ресурси.

„Иако доаѓам со силна академска основа, препознав дека постојат сегменти каде е неопходно да ги надоградам своите вештини и практични знаења. Затоа изборот на Семос Едукација дојде многу природно", вели Глорија.

Што ја издвојува Академијата за човечки ресурси?

За Глорија, најголемата вредност лежи во практичниот пристап.

„Она што најмногу ми остави впечаток од Академијата за човечки ресурси е практичниот пристап. Наместо само теорија, имавме можност да работиме на реални примери и ситуации со кои HR професионалците навистина се соочуваат во секојдневната работа.

Дополнително, многу ми се допадна што предавачите доаѓаат директно од пракса и споделуваат реални искуства, што ја прави целата програма уште порелевантна и применлива. За мене, Академијата беше одлична можност не само да го надградам знаењето, туку и подобро да ги разберам различните сегменти на човечките ресурси и како тие функционираат во една организација.“

Како Академијата влијае на нејзиниот професионален развој?

За Глорија, вредноста на Академијата се гледа пред сè во тоа што наученото веднаш може да се примени во реалната работа во HR.

„Преку програмата добив нови перспективи и практични алатки кои ми помогнаа подобро да ги разберам HR процесите и да внесам одредени новитети во начинот на кој пристапувам кон работата. Токму тоа е и најголемата вредност на Академијата – што знаењето е применливо и веднаш може да се искористи во пракса, што за мене претставува голем чекор во мојот професионален развој.“

Нејзиното мото

„Континуираниот развој е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме и во себе, и во луѓето околу нас."

Порака до идните студенти

„Не се двоумете! Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација е одлична можност и за оние кои штотуку започнуваат и немаат претходно искуство, но и за оние кои веќе работат во HR секторот и сакаат да го надградат знаењето. Разновидноста на модулите дава добра основа за почетниците, а во исто време нуди нови перспективи и алатки за оние кои веќе се дел од професијата."

Сакаш и ти да инвестираш во својот развој?

Дознај повеќе за Академијата за човечки ресурси и направи го следниот чекор.
👉 Погледни ја програмата

#HR
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР