Кога љубопитноста те води кон кариера во дигиталениот маркетинг.
Герасим Пемов има 23 години и доаѓа од Демир Капија. Ако треба да се опише со една реченица, ќе каже дека е љубопитен, амбициозен и секогаш отворен за нови идеи. Со тек на време сфатил нешто многу важно: во професионалниот свет сè се сведува на луѓе и идеи во бизниси. Токму затоа дигиталниот маркетинг му изгледал како природен избор – тој ги поврзува токму тие две.
Кога почнал да истражува каде навистина би можел да го изучува дигиталниот маркетинг, Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација веднаш му се истакнала.
„Уште при самото запишување ми се допадна атмосферата и начинот на кој би функционирала академијата – едноставно ‘кликнавме’. Знаев дека сум на вистинското место,“ вели Герасим.
За Герасим, напредокот не мора да биде драматичен за да биде значаен. Напротив, тој верува во силата на континуитетот:
„Секој ден е шанса за мал чекор кон голема промена.“
Ова мото совршено се вклопува со начинот на кој тој учи и се развива – ден по ден, модул по модул, задача по задача. Наместо да брза, се фокусира на тоа секој ден да биде барем малку подобар од претходниот.
Кога зборува за Академијата за дигитален маркетинг при Семос Едукација, Герасим без размислување ги издвојува професорите:
„Професорите. Професионалци кои со сјај во очите го пренесуваат своето знаење. Тоа едноставно те остава љубопитен за тоа што те очекува следниот час. Особено тоа што несебично прераскажуваат лични ситуации во светот на дигиталниот маркетинг кои буквално ти даваат поразлична перспектива за индустријата.
Секако, практичниот пристап и можноста да работиме на реални проекти го прават учењето уште поинтересно и мотивирачко.“
Комбинацијата од ентузијазам, искуство и реални приказни од терен, за него е клучна разлика помеѓу класично предавање и вистинско учење.
За Герасим, Академијата не е само теорија за дигитален маркетинг, туку простор каде идеите добиваат конкретна форма и насока.
„Академијата ми помага да ги сфатам работите од практична перспектива и да се стекнам со вештини кои навистина можам да ги користам. Секој модул ми дава нови идеи, а кога работиш со професионалци кои ги споделуваат своите искуства и те мотивираат да пробаш и нешто ново - ти дава сигурност.
Едноставно се чувствуваш спремен да зачекориш во реалниот свет на маркетингот.“
Токму таа сигурност, чувството дека знаеш што правиш и дека можеш да се вклучиш во реални проекти – за него е најголемата добивка од Академијата.
Герасим има многу јасна и топла препорака до сите што размислуваат да се запишат:
„Во Семос Едукација има прекрасна атмосфера во ‘училниците’, одлично структурирана и несебична поддршка од вработените. Тука ќе научите многу, ќе се предизвикувате себеси и ќе се забавувате додека го правите тоа. Топло ги препорачувам на секого!“
Неговата приказна е уште една потврда дека кога љубопитноста, амбицијата и вистинската средина ќе се спојат – секој ден навистина може да биде мал чекор кон голема промена во кариерата, особено во светот на дигиталниот маркетинг.
Доколку и ти сакаш да направиш чекор кон кариера во дигитален маркетинг, разгледај ја Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација и започни го својот пат уште денес.
👉 Погледни ја програмата