Цели кон месечината - ако ја утнеш, ќе завршиш меѓу ѕвездите
Некои луѓе програмираат за да решаваат проблеми. Други создаваат светови за да раскажуваат приказни. Борис решил да ги прави и двете одеднаш.
Уште од мали нозе, Борис бил фасциниран од две навидум различни работи, креативното градење светови и решавањето загатки. Додека креативната страна го водела кон усовршување на уметноста на зборовите, создавајќи приказни, другата пасија го водела кон логика, структура и програмирање.
„Од секогаш сум уживал во видео игрите и нивната можност за раскажување разни приказни. Паралелно, имав интерес и за изнаоѓање решенија за проблеми, од каде всушност произлезе и мојот интерес за програмирање“, раскажува Борис.
Решението за тоа Како да ги спои двата света во еден го најде на Академијата за Game Development.
Барајќи начин да навлезе во индустријата на развој на видео игри, Борис дознава за Академијата за Game Development, која ќе му овозможи структурирано да ги изгради вештините потребни за кариера во оваа динамична индустрија.
Од она што најмногу му оставило впечаток на Академијата, тој го одвојува пристапот на предавачите кон студентите.
„Било кога и да сум имал некој проблем, беше многу лесно да поставам прашање, без разлика дали е за време на час или надвор од него. Одговорот беше секогаш брз“ - вели Борис.
За Борис, вредноста на Академијата оди далеку подалеку од самото учење код. Предавачите, со своето реално искуство од индустријата, му помогнале да разбере како функционира game development индустријата во пракса, нешто што ниеден туторијал на интернет не може да го замени.
„Ти можеш да ги имаш потребните вештини, но ако не знаеш како правилно да ги искористиш - нема да го постигнеш својот максимум. Предавачите многу помогнаа токму во тоа, да разбереш како да најдеш конкретна примена на она што го носиш во себе“, објаснува тој.
„Прашувајте се што не ви е јасно, без да се плашите дека прашувате 'глупаво прашање'. Предавачите се таму да ви помогнат и со задоволство ќе ви дадат одговор.“
Ако го прашате Борис за неговата животна филозофија, одговорот е едноставен, но моќен: „Цели кон месечината - ако ја утнеш, ќе завршиш меѓу ѕвездите.“ Дури и кога целта изгледа недостижна, самиот пат кон неа е лекција која отвора врати за сѐ што следи.
А неговиот пат? Токму сега додека студира на Академијата за Game Development во Семос Едукација, се чувствува дека ѕвездите се сѐ поблиску.
Дознај повеќе и приклучи се и ти на новата генерација студенти на Академијата за Game Development во Семос Едукација.