Академија за Веб Дизајн
Понекогаш промените не доаѓаат затоа што нешто не ни оди – туку затоа што сакаме повеќе од себе. Таа токму така започна – од желбата да се надмине себеси и да го надгради својот креативен израз.
Бојана Соколоска, по 7 години професионално искуство како видео едитор, ја почувствува потребата за нов предизвик. Сакаше нешто повеќе од работа што изгледа визуелно привлечно – сакаше да навлезе подлабоко во комуникацијата преку дизајн, во начинот на кој визуелниот јазик го менува искуството на корисникот.
„Животот започнува на крајот од твојата комфорт зона. Сакав да излезам од познатото и да направам нешто што навистина ќе ме предизвика – Академијата за веб дизајн во Семос Едукација беше совршеното место за тоа.“
Во текот на Академијата, Бојана откри дека дизајнот не е само естетика – туку процес кој бара логика, разбирање на корисникот, внимателно планирање и континуирана проверка на идеите преку реална примена. Практичната насоченост на академијата и проектната работа ѝ помогнаа да научи преку искуство.
„Секој модул беше со јасна цел – да добиеме реална слика за веб дизајнот. Работевме на задачи кои веднаш можат да се применат. Тоа ми даде самодоверба и чувство дека сум подготвена за реалниот свет.“
Академијата не ѝ донесе само технички вештини – туку и поголема сигурност во себе, нов начин на размислување и желба да продолжи со континуиран развој.
Нејзината порака до идните студенти е инспиративна, но и реална:
🔑 „Не плашете се од непознатото. Секој чекор надвор од комфор зоната ќе ве доведе поблиску до подобра верзија од себе. Академијата во Семос Едукација ми помогна да се откријам повторно – и да го пронајдам својот нов професионален пат.“