Rising Star – Татијана Илиевска

Академија за човечки ресурси

БЛОГ ОБЈАВА
Како Татијана го насочи техничкото искуство кон кариера во човечки ресурси.

Некои луѓе инспирираат со својот постeпен напредок – чекор по чекор, со јасна цел и голема посветеност. Оваа недела ја посветуваме на Татијана Илиевска, студентка на Академија за човечки ресурси, која храбро тргна по нов пат кон својата нова професионална насока.

Сега работи како специјалист за техничка поддршка, а Татијана отсекогаш имала желба да се развива во областа на човечките ресурси – динамична и исполнета со емпатија, со многу можности за личен и професионален раст. Академијата ѝ помогна да го насочи својот интерес кон конкретни вештини и знаења токму во оваа област.

„На Академијата добив повеќе од очекуваното – не само разбирање за HR процесите, туку и подобрување на моите меѓучовечки вештини, активно слушање и јасна комуникација. Научив колку е важна емпатијата, и како да го пренесам моето знаење за да создадам позитивно искуство и ефективна соработка во секојдневната работа.“

Преку практична настава и дискусии со предавачи и колеги, таа стекна разбирање за организациските структури, правните аспекти, како и техники за ангажирање на вработени и процеси на обука – знаења што ги применува и во својата моментална улога.

„Оваа Академија ми отвори нови хоризонти – запознав луѓе од различни индустрии, потенцијални ментори и професионалци што ме инспирираа. Почнав поинаку да размислувам и да се прилагодувам на организациските потреби.“

Секој модул ѝ помогнал не само да ги разбере процесите во HR, туку и да развие интегритет, етичност и прилагодливост – вредности што ќе ја водат во секоја идна улога, без разлика дали ќе остане во техничка поддршка или ќе премине во полноправен HR професионалец.

Нејзината порака до идните студенти?

🔑 „Искористете ја секоја можност за учење – од материјалот, предавачите, но и од соучениците. Разменувајте идеи, поставувајте прашања, и никогаш не се откажувајте од љубопитноста. Вашата етичност, интегритет и сочувство се клучни. HR е многу повеќе од процеси – тоа е влијание и трансформација.“

Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација е совршено место за сите што сакаат да направат вистински чекор во светот на HR – без разлика дали започнуваат нова кариера, се преквалификуваат од друга професија или сакаат да го надградат своето постоечко знаење и искуство.

Со практична наставна програма, поддржана од експерти од областа, студентите добиваат длабоко разбирање за клучните аспекти на човечките ресурси: организациско однесување, регрутација, онбординг, развој на вработени, мотивација, правни аспекти и стратешки HR процеси.

Академијата нуди модерна и динамична настава, реални HR-предизвици, работа на проекти и поддршка за развој на критичко размислување и комуникациски вештини – сè што е потребно за успешно позиционирање во областа на човечките ресурси.

Почни со знаење, продолжи со самодоверба – изгради ја својата HR кариера, каде и да се наоѓаш во моментот!

#human-resources
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР