Отворен ден на Академиите за графички и веб дизајн

24 март 2026 · 14:00 часот · Семос Едукација

БЛОГ ОБЈАВА

Отворен ден на Академиите за графички и веб дизајн - 24 март 2026.
Студентите на Семос Едукација те покануваат на двочасовно дружење – да слушнеш за нивното студирање и да видиш како дизајнот од пасија го преточуваат во кариера.

Семос Едукација е првата и единствена акредитирана институција за формално пост-средно образование од Министерството за образование и наука на РСМ, која на 24 март 2026 организира отворен ден на Академиите за графички и веб дизајн. Домаќини на настанот се тековните студенти.

Детали за настанот

📅 24 март 2026
🕑 14:00 часот
📍 Семос Едукација
Бесплатен настан | Ограничен број места

👉 Пријави се овде – онлајн пријава за отворен ден

Што те очекува?
  • Запознавање со двете академии и конкурсот за стипендија „Мојот мир..."
  • Искуства од дипломирани студенти кои веќе работат во индустријата
  • Проекти во живо – директно од екраните на тековните студенти
  • Како хуманоста и креативноста се спојуваат преку реални проекти
  • Како Кариерниот центар помага при вработување по завршувањето

Ова не е предавање. Ова е увид во тоа како изгледа една академска година во која учиш да создаваш и на крај излегуваш подготвен/а за индустријата.

Зошто токму сега?

Отворениот ден е дел од кампањата за септемврискиот упис 2026/27. Двете академии нудат формално образование во траење од една академска година, со почеток на 15 септември 2026. Наставата се одвива секој работен ден по 4–5 школски часа и може да се следи хибридно – физички или онлајн.

А уписот оваа година доаѓа со две опции:

Опција 1: Аплицирај за стипендија

Отворен е конкурсот за стипендија на тема „Мојот мир..." – со 7 стипендии во вкупен износ од 12.000 евра.

Во свет што станува сè побрз и погласен, мирот станува личен избор. За некого е тивок момент. За друг е движење. За трет — јасност во хаосот. Темата те повикува да создадеш своја дизајнерска интерпретација – визуелна, концептуална или дигитална – која може да послужи на заедницата.

Кој може да аплицира?
  • Тековни матуранти
  • Лица со завршено средно образование
  • Лица со завршено високо образование кои сакаат преквалификација
Како изгледа патот до стипендијата?
  1. Избери категорија – графички или веб дизајн
  2. Изработи проект + есеј според брифот
  3. Аплицирај онлајн – прикачи го проектот и есејот
  4. Добитниците се објавуваат најдоцна до 29 мај 2026

📎 Сите критериуми и детали: Конкурс за Стипендија 2026/27 – „Мојот мир..." | Семос Академии

Опција 2: Упис со 20% попуст

Не сакаш да аплицираш за стипендија? Не си добитник на стипендија? Заинтересиран/а си и сакаш летото да бидеш мирен/на додека те чека место во академијата? Можеш да се запишеш директно со 20% попуст за рана уплата на школарината најдоцна до 30 јуни 2026, и ќе ти помогнеме за одредувањето на ратите.

Ова е најголемиот попуст за редовен упис оваа година.

Првиот чекор е секогаш најважен. Направи го на 24 март.
Те очекуваме.

#ACADEMIES
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР