Студент на Академијата за UX/UI дизајн која верува дека со посветеност, етички пристап и континуиран развој, секоја идеја може да прерасне во решение со вистинска вредност.
Јас сум Клара Ивановска, студент на Академијата за UX/UI дизајн во Семос Едукација. Мојата приказна започна со голем ентузијазам кој и денес е присутен, иако се ближи крајот на академијата. Овде научив да размислувам како дизајнер и се стекнав со вештини кои ми помагаат да ги реализирам моите идеи. Знаењето што го добив е само почеток, но е цврста основа врз која ќе градам понатаму.
„Она што го негуваш, расте.“ За мене тоа значи дека ако редовно вложуваш во своите вештини и се посветуваш на своите проекти, резултатите доаѓаат сами.
Нешто што ќе го носам долго е пристапот на професорот Андреа. Не само знаењето, туку и перспективата. Тој ни нагласи дека сме избрале убава професија, што ми ја потврди мојата одлука. Но уште поважно, не насочи да дизајнираме етички - да создадеме продукти кои навистина им служат на луѓето, без да ги манипулираат. Тоа е всушност и разликата меѓу добар и одговорен дизајнер.
Академијата ми помогна да стекнам нов начин на размислување и да ја гледам мојата улога со поголема свесност. Секојдневно ги применувам научените техники и пристапи, што ми дава сигурност дека можам да создадам дизајни кои имаат вистинска вредност.
Да не се плашат од нови почетоци. Секој успех мора да почне од некаде - најважно е да се започне.