Семос Академија за UX/UI дизајн - завршни проекти

Интервју со студент Клара Ивановска

БЛОГ ОБЈАВА

Од првиот концепт до финалниот прототип, UX/UI дизајнот е процес во кој секоја одлука има свое значење. За оваа студентка, успехот не се крие само во визуелно привлечниот изглед на апликацијата, туку и во внимателно осмислените детали што создаваат кохерентно и интуитивно корисничко искуство. Во ова кратко интервју таа зборува за својот проект, омилените техники од Академијата, искуството со менторството и чувството кога една идеја од празен екран прераснува во функционално дигитално решение.

На кој дел од проектот си најгорда, и зошто?

Која техника ти е „најинтересна" и како ти помогна во работата на проектот?

За мене најинтересна техника е UI дизајнот, поставувањето на color system, изборот на типографија, spacing, shadow и stroke вредности пред дизајнирање на прв екран ми помогна да работам побрзо и поконзистентно. Сфатив дека добар дизајн систем е невидлив за корисниците, но круцијален за дизајнерот, го чувствуваш само кога недостасува.

Опиши какво беше искуството со менторот?

Ми претставува чест што имав можност да учам од Александар. Со најголема посветеност се обраќаше кон секој студент и нивните проект. Неговите совети и критики несомнено ми помогнаа и ме насочија кон носење на исправни дизајн одлуки. Од него научив колку е важно да ги разбереме корисниците што е можно подобро и да развиеме емпатија за нивните проблеми и потешкотии во дигиталниот свет.

Како се чувствуваше кога твојата идеја стана реалност?

Фасцинирачко е како идејата добива своја уникатна форма, целосно реализирана апликација. Започнав буквално со бел екран, кој постепено прерасна во функционално прототипно решение со цел да им помогне на корисниците и да одговори на некој нивен реален проблем. Сите анимации, бои, форми и логички поврзани екрани, сето тоа започна од еден празен бел екран.

Од поставување на дизајн систем и градење на корисничко искуство до развој на целосно функционален прототип, овој проект претставува доказ дека добриот дизајн е резултат на истражување, емпатија и внимание кон секој детал. Патувањето од почетната идеја до финалното решение уште еднаш покажува дека креативноста, знаењето и посветеноста можат да се претворат во производ што создава вистинска вредност за корисниците.

Доколку и вие сакате да ги претворите своите идеи во функционални дигитални производи и да изградите кариера во UX/UI дизајн, дознајте повеќе за Семос Академијата за UX/UI дизајн.

Погледнете го целосното портфолио на студентот: Клара Ивановска

#web-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР