Интервју со Хусеин Асани

студент на Акредитираната Академија за внатрешен дизајн

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Хусеин. Зошто се одлучи за Академијата за Внатрешен дизајн?

Отсекогаш сум бил фасциниран од влијанието на дизајнот врз човечкиот живот . Како индивидуалец кој секогаш имал потреба да ја изрази својата креативност преку разни игри, готвење па се до разни DIY - проекти , решив да се запишам на Акредитираната Академија за внатрешен дизајн во Семос Едукација и донесов правилна одлука која резултираше со вработување.

Кажи ни нешто за себе. Кој е Хусеин ?

Имам 29 години. Живеам и работам во Скопје. Потребата за изразување на мојата креативност ме натера да се испробам во гастрономијата. После десет години поминати како готвач, решив дека сакам да направам голема промена во мојот живот. Со оглед на тоа дека одсекогаш сум имал желба за внатрешен дизајн , одлучив дека тоа е идеалната работа каде што би можел целосно да се изразам.

Топ 5 вештини кои ги научи на Академијата?

На Академијата за внатрешен дизајн се стекнав со рази вештини, кои ми дадоа цврста основа како дизајнер. Некои од нив се:

  • Проектирање на скици во AutoCad и Revit
  • Моделирање на мебел и цели сцени , почнувајки од нула
  • Рендерирање и визуелизација со едни од најмоќните софтвери
  • Се здобив со знаења за функциите , својствата и намените на разни материјали
  • Научив целосно да ги изразам моите идеи и креативност, секако внимавајќи на функционалноста и употребата на истите.

Дали наученото од Академијата го применуваш ви секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?

Од Академијата за внатрешен дизајн излегов со добра и цврста основа, која несомнено треба да се надградува и усовршува. Реалните проекти кои ни беа зададени ми помогнаа да го збогатам моето портфолио, кое убедливо ме направи цврст кандидат на пазарот во оваа индустрија која секојдневно расте. Моето портфолио значително ми помогна да дојдам до посакуваната работа, како Дизајнер за внатрешно уредување. Секако, вреди да го напоменам и кариерното советување на Семос Едукација кое на сите студенти ни ги отвори видиците и ни помогна да поставиме реални цели на кариерен план а ни покажа и како истите, чекор по чекор да ги оствариме.

#interior-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР