Од љубопитност до сајбер безбедност.
Некои луѓе технологијата ја користат. Други сакаат да знаат што се крие зад неа. Филип решил да оди чекор подалеку, да научи како да ја заштити.
Филип од секогаш бил од оние што копаат подлабоко. Не му било доволно само да седне пред компјутер, сакал да разбере како работат мрежите, како се поврзуваат системите и особено како настануваат сајбер нападите и како може да се спречат.
„Сфатив дека не сакам само да користам технологија, туку сакам да ја разберам и да ја контролирам. Токму тогаш одлучив да се запишам во Семос Едукација", , раскажува Филип.
Знаејќи дека љубопитноста сама по себе не е доволна, Филип решил да ја претвори во конкретно знаење и вештини. Така дознава за Академијата за сајбер безбедност во Семос Едукација - местото каде може структурирано да се подготви за кариера во една од најбарани области во IT индустријата.
Она што најмногу му остава впечаток на Академијата? Предавачите и нивниот пристап.
„Тие не се само инструктори, туку вистински професионалци кои секојдневно работат во полето на сајбер безбедноста. Особено ме мотивира тоа што споделуваат реални сценарија од нивното работно искуство, вистински случаи, предизвици и начини на решавање проблеми", . - вели Филип.
Филип не крие дека започнал со минимално познавање од областа. Но токму тоа го прави неговиот напредок уште поимпресивен. Преку структурираната настава, практичните вежби и постојаната поддршка од предавачите, неговото знаење и самодоверба значително пораснале.
„Од основни концепти, денес размислувам поаналитички, разбирам како функционираат системите, мрежите и безбедносните механизми. Академијата не само што ми даде знаење, туку ми помогна да изградам професионален начин на размислување и јасна визија за мојата иднина", објаснува тој.
Филип има искрена порака за секој кој размислува да го направи истиот чекор:
„Не плашете се од почетокот. Можеби на почетокот изгледа тешко, збунувачки и со многу непознати термини, но тоа е сосема нормален дел од процесот. Со трпеливост, труд и концентрираност, резултатите неизбежно доаѓаат."
Ако го прашате Филип за неговата животна филозофија, одговорот е јасен: постојано надградување и никогаш задоволување со просекот. Верува дека со правилна едукација, дисциплина и континуирана работа секој може да го достигне својот максимум.
„Секој чекор напред, колку и да изгледа мал, е дел од поголемата слика."
А поголемата слика на Филип? Додека студира на Академијата за сајбер безбедност во Семос Едукација, со секој ден станува сè појасна.
Дознај повеќе и приклучи се и ти на новата генерација студенти на Академијата за сајбер безбедност во Семос Едукација.