Како си поминавме на февруарските низа настани
Февруари го посветивме на откривање на најбараните професии на иднината. Низа настани на кои гостуваа професионалци од различни области ни овозможија да се запознаеме со предизвиците и бенефитите на секоја професија. Сите заинтересирани добија шанса да се запознаат со вештините и знаењата потребни за успешно стартување на кариера во различни индустрии.
На шестте настани одржани во Startup Club Skopje, во склоп на нашите Семос Академии, разговаравме за различни аспекти на професионалниот свет, од креативната индустрија до IT професиите на новата ера како AI Practicioner, Data Scientist, Game Developer, UX/UI Designer, Software Tester, HR Manager, Digital Marketing Specialist, Graphic Designer, JavaScript Developer, .NET Cloud Developer, Web Designer и многу други. Секој настан заврши со Networking сесија, каде што сите присутни имаа можност да споделат знаење и искуство.
Специјално ги истакнавме индустриите што се прогнозираат за брз раст во иднина и што ќе бидат важни за глобалната економија.
Но, нашата мисија не завршува тука. Семос Академиите се програми за сите оние кои сакаат квалитетна едукација и поддршка во стартувањето на меѓународна кариера. Со нашите сертифицирани обуки, кои се меѓународно признаени, обезбедуваме квалитетна подготовка за сите заинтересирани.
Местата се ограничени. Придружи се на 120.000+ слушатели, а ние ќе ти дадеме квалитетна темелна програма, ќе те обучиме и помогнеме да имаш професија на новата ера.