студент на Акредитираната JavaScript Академија
Мојата Семос приказна практично започна кога ја забележав рекламата за стипендии на Семос Академиите на социјалните медиуми на Семос Едукација. Во тој период, имав огромна желба да стекнам знаење и подобро да се запознаам со JavaScript и тоа беше една од главните причини да се пријавам на конкурсот за стипендии. Многу бев возбудена кога администрацијата на Семос Едукација ме контактира и ме информираа дека освоив стипендија за JavaScript Академијата. Освојувањето на стипендијата дополнително ме мотивираше да што поактивно да се вклучам во предавањата и задачите на оваа Академија.
Мотивираноста на предавачите да ни помогнат да ги совладаме задачите и нивната постојана достапност за студентите. Нивната желба да научиме и практично да го примениме наученото, ми дава поттик да постигнам повеќе. Структурата на часовите. Многу ми се допаѓа тоа што предавачите ни задаваат вежби и домашни кои се предизвик за решавање, но со тоа ни помагаат во пракса да го имплементираме стекнатото знаење. Атмосферата. За време на нашите предавања атмосферата е пријатна и опуштена. Не постои страв, ниту срам да се постави прашање или пак истото погрешно да се одговори.
Во иднина се гледам себеси како успешен Full-stack developer кој секојдневно ги имплементира вештините и знаењето стекнати преку JavaScript Академијата во Семос Едукација.