Креативност во акција

Нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн на ZiNRG 2025

БЛОГ ОБЈАВА

Катерина, Камелија и Стефана – Графички дизајнери, имаа неверојатна можност да учествуваат на ZiNRG (Zinergy/Зинергија) 2025, тродневна работилница за алтернативно издаваштво во Гевгелија, проследена со онлајн менторирање преку Discord.

Во Семос Едукација поддршката на студентите не завршува со подигнувањето на дипломата. Нашиот Кариерен центар е тука за да ги следи студентите, да им помага да ги развијат своите професионални вештини и да ги искористат сите можности кои им се отвораат додека студираат, но и по завршувањето на академијата.

Креативност која отвора врати

На ZiNRG 2025, студентите работеа на проекти кои ги комбинираа нивната имагинација и практичните вештини , од стрип и фанзин, до концепт арт, видео игри и авто-портрети инспирирани од природата. Главните теми – љубов и екологија, им служеа како водилка низ целиот креативен процес.

ZiNRG 2025 работилница
Креативна работа на студентите
Студенти на работилницата

„Работилниците беа базирани на две теми, љубов и екологија. Секој си ја избираше темата и работеше на свој начин. Јас и Камелија почнавме со стрип и карактери со смислена приказна. Потоа, во втората сесија создававме видео игра на лице место со зборови од другите колеги. На последниот ден правевме авто-портрети инспирирани од природата и групно креиравме видео игра базирана на темата љубов или екологија." – споделува Катерина.

„Менторите постојано комуницираа со нас и ни посветуваа максимално внимание и идеи, со цел секој проект да биде успешен." – истакнаа нашите алумни студенти.

Креативен процес на работилницата
Менторирање на студенти
ZiNRG 2025 настан
Семос Едукација – повеќе од академија

Нашата цел е студентите да стекнат не само знаење, туку и реални искуства кои ќе ги подготват за иднината. Учеството на настани како ZiNRG 2025 е уште еден пример како ги отвораме вратите кон креативни проекти со вистинска вредност, кои влијаат врз нивната кариера и личен развој.

Академијата за графички дизајн на Семос Едукација нуди формално постсредно образование за графички дизајнер, акредитирано од Министерството за образование и наука. Студентите не само што учат техники и вештини, туку стекнуваат и реални искуства, самодоверба и поддршка за секој чекор од нивната професионална приказна.

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР