студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси
Академија за човечки ресурси во Семос Едукацијата нуди споделување на знаење од искусни ментори кои работеле во областа на човечки ресурси повеќе од 10 години и како резултат, тие несебично обезбедуваат практични сознанија и примери од реалниот свет.
Во контекст со претходниот одговор, моето очекување од оваа Академија е да се здобијам со практично знаење во областа на човечките ресурси на глобално ниво, каде што по финализирањето на Академијата би била способна истото да го имплементирам во работната средина.
Препознавањето на големата потреба од специјалисти за човечки ресурси е секојдневно во пораст и работните улоги во оваа област, без разлика на индустријата, се од суштинска вашност. Причината зошто одлучив да навлезам во оваа област е токму поради фактот што областа нуди широк спектар на кариерни правци, вклучувајќи регрутирање, обука и развој, компензација и бенефиции, односи со вработените и многу повеќе. Тука е слободата, низ професионалниот развој сами можете да изберете специјализација што се усогласува со вашите интереси и силни страни.