Интервју со Сања Влаховиќ

студентка на Академијата за внатрешен дизајн во Семос Едукација.

БЛОГ ОБЈАВА
Кажи ни нешто за себе, која е Сања и како започна твојата приказна во Семос Едукација?

Јас сум Сања, магистер по економски науки и магистер по деловно право, а веќе 10 години работам во областа на план и анализа. Иако мојата кариера се развиваше во тој правец, отсекогаш сум била креативна личност и ме привлекувале дизајнот, естетиката и уредувањето на просторот. Инспирацијата да направам промена дојде кога мојот сопруг започна да издава апартмани, а јас го преземав нивното уредување. Реакциите од гостите беа неверојатни, постојано прашуваа кој стои зад дизајнот, а тоа ми даде дополнителна мотивација да се посветам на она што навистина го сакам. Така започна мојата приказна во СЕМОС Едукација. Освен професионалната улога, јас сум и мајка на тригодишна ќерка, која ми е секојдневна инспирација да бидам храбра и да ги следам своите соништа.

Кое е твоето лично мото?

„Никогаш не се откажувајте од своите соништа затоа што никогаш не е доцна да го следиш она што навистина те исполнува.“

Што најмногу ти остава впечаток од Академијата за внатрешен дизајн?

Предавачите се навистина посветени и мотивираат да го извлечеш најдоброто од себе. Атмосферата е инспиративна и те охрабрува постојано да напредуваш.

Колку академијата ти помага во твоето професионално развивање?

Академијата многу ми помогна да стекнам сигурност во моите идеи и способности. Ми овозможи мојата долгогодишна пасија да ја претворам во професионална насока и ми даде храброст да размислувам за целосна промена во кариерата. Денес многу појасно ја гледам својата иднина во внатрешниот дизајн.

Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС Едукација?

Да не се плашат од промени и да веруваат во себе. Понекогаш токму хобијата и работите што природно нè исполнуваат можат да прераснат во успешна професија. Ако имате желба, посветеност и љубов кон тоа што го работите, резултатите секогаш ќе дојдат.

#ВнатрешенДизајн
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР