Интервју со Ружица Жекоска

студент на Академијата за веб дизајн

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Ружица, најпрво кажи ни зошто се одлучи за Академијата на Веб Дизајн?

Одлуката за запишување на Академијата за веб дизајн ја донесов во последен момент. Уште во средно училиште, се што ме интересираше беше кодирањето и изработката на веб страници. Затоа одлучив да дојдам во Семос Едукација со цел да научам нешто повеќе во врска со веб страниците и како да ги изработувам, како да соработувам со клиенти и во иднина да заработувам од оваа професија. Презадоволна сум од мојата одлука и знам дека сум на добар пат да станам добар програмер, веб дизајнер и најдобрата верзија од себе!

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

  • Наставната програма и проактивноста на посетените професори

  • Атмосферата за време на предавањата, дружењето со колегите и взаемното помагање.

  • Кафе паузите

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на Академијата се гледам себеси како успешен веб дизајнер кој вложува труд во својата работа, постојано учи и се надградува и секогаш си поставува нови, повисоки цели кога е веб дизајнот во прашање.

#web-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР