Успешна приказна – Ристе Стојанов

Акредитирана JavaScript Академија

БЛОГ ОБЈАВА

Младиот Ристе Стојанов уште од основно училиште пројавува интерес и се занимава со програмирање, а неговиот труд и интерес вроди со плод по запишувањето на Акредитираната JavaScript Академија во Семос Едукација. Со напорна работа, проекти и разбирање на материјалот, пофалби од страна на професорите, Ристе заслужено ја доби статуетката за најдобар студент на генерацијата за март 2023 на JavaScript Академијата, награда која ќе му ги отвори вратите за огромни можности во IT светот.

Кажи ни нешто за себе. Кој е Ристе?

Јас сум Ристе Стојанов седумнаесет годишен IT ентузијаст, трета година сум во САБА, се занимавам со програмирање од својата тринаесетта година и секогаш учам нешто ново.

Зошто се одлучи за JavaScript Академијата?

Неодамна развив интерес во светот на вебот и веб страните, започнав сам со учење и се решив да го зголемам своето знаење со посетување на JavaScript Академијата во Семос Едукација.

Кој е твојот омилен модул од Академијата и зошто?

Со сигурност можам да кажам дека сите модули на Академијата ми се допаднаа, но како омилен можам да го издвојам backend модулот во кој се работеше со node.js, бидејќи во овој модул беа опфатени технолигиите како HTTP сервери, Express сервери, поврзување со 3rd Party API, поврзување со дата бази и многу други, за кои се потребни способности за решавање на логички проблеми, креативност, прецизност и ефикасност, карактеристики кои верувам дека ме издвојуваат мене како личност.

Како завршниот проект ти помага во остварување на твојата цел и преземање на следниот чекор во твојата кариера?

Завршниот проект за мене претставуваше вистински предизвик нудејќи можност да ги применам моите досегашни знаења за создавање на софтверски решенија за проблеми кои се присутни во реалниот свет. Благодарение на истиот, имав можност да го збогатам своето портфолио со проект кој содржи различни функционалности како dual interface, поврзување и манипулација со дата бази, можноста за зачувување на последно направените измени на дата базата и друго. Со помош на проектот научив во кои сегменти на web девелопментот сум подобар и во кои повеќе се пронаѓам, со тоа сфатив дека во иднина би сакал да продолжам со backend development.

Каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам како Full Stack developer кој повеќе тежи кој backend-от, тимски играч и како некој кој не се плаши од предизвици.

#javascript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР