студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси
Имам 22 години и сум дипломиран политиколог во областа на меѓународни односи и дипломатија. Би се опишал себе како млад ентузијаст, амбициозна и позитивна личност со авантуристички дух. Сакам нови предизвици и константно да се надградувам со знаења и разни искуства. Пред да се запишам на Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација, волонтирав во неколку младински невладини организации, а за време на студииите, работев на програмите за Work and Travel во Хрватска и Германија.
Одлуката да станам Специјалист за човечки ресурси произлезе од мојата страст да работам со луѓе и желбата да им помагам да се справат со предизвиците. Создавањето позитивна и поддржувачка средина за поединци е нешто што лично ме исполнува, па затоа тотално се пронајдов во HR индустријата. Ме привлече и динамичната природа на човечките ресурси, каде секој ден претставува можност да се направи значајно влијание, но и тоа што самата индустрија е уникатна и атрактивна и обезбедува континуирано учење. Дополнително, оваа област нуди можности за кариерен раст и разновидна палета на предизвиц, како и можност да придонесам за успехот на компанијата преку усогласување на човечките ресурси со деловните цели.
За време на Академијата се стекнав со знаење за процесот на регрутација, за мерење на перформанс кај вработените, техники за мотивација на вработени и уште многу корисни работи поврзани со HR индустријата. Поголемиот дел од она што го научив на Академијата, директно го применувам во пракса.