Семос Академија за Веб дизајн - завршни проекти

Интервју со студент Петар Доневски

БЛОГ ОБЈАВА

Портфолиото е многу повеќе од колекција на проекти. Тоа е личен печат на секој веб дизајнер и приказ на неговите технички вештини, креативност и начин на размислување. Токму преку своето портфолио, овој студент успеа да ги претстави знаењата стекнати во текот на академијата, комбинирајќи модерен дизајн, интерактивност и функционалност во едно професионално дигитално решение.

Во продолжение, тој споделува повеќе за процесот на работа, омилените технологии и искуството што го стекнал за време на изработката на проектот.

На кој дел од проектот си најгорд, и зошто?

Најгорд сум на моето портфолио затоа што во него вложив најмногу време и труд. Преку него ги претставив проектите на кои сум работел и покажав како пристапувам кон дизајнот, анимациите и развојот на модерни веб-страници. Во текот на изработката, постојано го подобрував и додавав нови функционалности, па сметам дека најдобро ги претставува моите вештини и начинот на кој работам.

Која техника ти е „најинтересна" и како ти помогна во работата на проектот?

Најинтересна ми беше работата со CSS и JavaScript, бидејќи преку нив можев да ја направам веб-страницата визуелно привлечна и интерактивна. Ми помогнаа подобро да разберам kako дизајнот и функционалноста работат заедно за да создадат добро корисничко искуство. Најмногу уживав кога ги средував анимациите и деталите, затоа што токму тие прават веб-страницата да изгледа попрофесионално.

Опиши какво беше искуството со менторот?

Искуството со менторот беше супер. Секогаш добивав помош и совети кога ќе заглавев со нешто, а неговите коментари ми помогнаа да ги подобрам проектите и да научам нови работи. Најмногу ми значеше што секогаш имаше време да објасни и да ме насочи.

Kako се чувствуваше кога твојата идеја стана реалност?

Беше многу убаво чувство кога идејата што ја имав на почетокот се претвори во готов проект. Најмногу ми значеше тоа што можев да го видам резултатот од целиот труд и време што ги вложив. Имаше моменти кога наидував на проблеми, но токму тие ми помогнаа да научам повеќе и да станам подобар во тоа што го работам.

Со многу труд, учење и континуирано усовршување, студентот успеа да создаде портфолио кое ги претставува неговите знаења и потенцијал како иден веб дизајнер. Проектот е доказ дека преку практична работа и посветеност, секоја идеја може да се претвори во функционално и професионално решение.

Доколку сакате да изградите кариера во веб дизајн, дознајте повеќе за Семос Академијата за веб дизајн.

Погледнете го целосното портфолио на студентот: https://petar-portfolio-tan.vercel.app/

#web-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР