студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси
Академијата за Човечки Ресурси во Семос Едукација се истакнува од останатите Академии на пазарот од неколку причини. Еден од клучните фактори што ја издвојува Академијата е нејзиниот фокус на практично учење. Предавачите се реномирани експерти во својата област – нивното знаење, искуство и вештини се неверојатни и истото го пренесуваат на студентите. Нејзината репутација за квалитет е неспоредлива.
Академијата за човечки ресурси во Семос Едукација ги надмина моите очекувања од самиот почеток. Бев импресионирана од професионалниот пристап и целокупната посветеност на професорите. Сепак, најважно е споделувањето на искуства што овозможува учење од реални ситуации кои не се содржани во материјалите за учење.
Решив да станам специјалист за човечки ресурси бидејќи сакам да имам улога во создавањето позитивна и продуктивна работна средина каде што секој ќе се чувствува ценет и почитуван. Верувам дека луѓето се најважното богатство на секоја организација и јас сакам да им помогнам да го достигнат својот целосен потенцијал. Уживам и во предизвикот да решавам сложени проблеми и да изнаоѓам креативни решенија. Човечки ресурси е идеална област за луѓе кои се емпатични и аналитички насочени и верувам дека моите лични квалитети и вештини одлично се вклопуваат во оваа професија