Успешна приказна – Милош Стевковиќ

Акредитирана Академија за UX/UI дизајн

БЛОГ ОБЈАВА
Кажи ни нешто за себе. Кој е Милош?

Здраво, јас сум Милош Стевковиќ, имам 25 години и живеам во Скопје. Моментално сум студент на Стоматолошкиот факултет во Скопје, а паралелно ја следам и Акредитиранта Академија за UX/UI дизајн на Семос Едукација.

Како започна твојата Семос приказна?

Мојата Семос приказна започна во Октомври 2023, после долго размислување меѓу две опции: Графички дизајн или UX/UI дизајн. Отсекогаш сум имал желба да се занимавам професионално со некоја форма на дигитален дизајн, но поради други причини, таа желба не сум ја реализирал. Сепак, оваа година се решив и тоа да го реализирам. Она што ме привлече повеќе кон UX/UI дизајнот беше и креативниот, но и оној логички и истражувачки дел за како да создадеш дизајн на интерфејс кој ќе биде и естетски и попрактичен истовремено, односно полесен и попријатен за користење на корисниците.

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

Моите очекувања по завршување на Академијата се да започнам што поскоро со вистинска работа и во текот на животот да продолжам да се надоградувам на ова поле пратејќи ги новите трендови и алатки кои што следат во иднина.

#UX/UI
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР