Интервју со Мила Маркоска

студент на Акредитираната JavaScript академија

БЛОГ ОБЈАВА
Што е она со кое JavaScript Академијата во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?

Семос Едукација има богата палета на обуки за идни модерни професии, обуки кои ќе ни помогнат и насочат да го избереме вистинскиот пат, каде ќе се стремиме да го дадеме максимумот, со цел да бидеме успешни на тоа поле. Од 17 академии, како една од поистакнатите моментално на пазарот, јас лично ја издвоив JavaScript Академијата.

JavaScript за мене лично претставува одличен јазик за почетници но и за луѓе кои сакаат да се надградат. Иако навидум не толку лесен за совладување, неговата сеприсутност и широка употреба го прават суштински јазик за учење кој ќе нè мотивира и ќе биде одличен предизвик за нашето понатамошно развивање.

Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од Академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Уште од самиот почеток на предавањта, знаев дека ја одбрав вистинската Академија, а тоа ми го потврдија и стручните предавачи со нивниот пристап кон целата група. Ми се допаѓа организацијата, добрата тимска работа, стручноста и трпеливоста на предавачите.

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

Се надевам дека успешно ќе го совладам и креативно ќе го користам овој програмски јазик. Како и секој студент, искрено посакувам успешна кариера во овој домен но и понатамошна едукација и усовршување.

#javascript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР