Успешна приказна – Ивона Муфтарова

Акредитирана Академија за графички дизајн

БЛОГ ОБЈАВА

Разговараме со Ивона Муфтарова, студент на Акредитираната Академија за графички дизајн која со поддршка од Кариерениот центар се вработи во Sky Eye Entertainment како Video Editor – lyrics in After Effects.

Здраво Ивона. Зошто се одлучи за Академијата за Графички Дизајн?

Моето запознавање со графичкиот дизајн е уште од мала возраст, па така интересот за оваа професија ми беше се поголем и поголем. Знаев дека Академијата за Графички Дизајн ќе ми помогне моето хоби да се претвори во професија. Имав стекнато одредени вештини, но ми беа потребни совети, насоки и надградување на моите вештини за да бидам комплетна за пазарот на трудот.

Кажи ни нешто за себе. Која е Ивона?

Тешко би се опишала само со еден збор бидејќи сум човек кој е авантурист и сака експерименти. Да посетам што е можно повеќе земји, а истовремено да работам како илустратор е мојата цел и животна желба. Цртањето и музиката ми се тесно поврзани, често кога цртам слушам музика па затоа и сакам да посетам што е можно повеќе концерти.

Топ 5 вештини кои ги научи на Академијата?

Академијата за Графички Дизајн ме подготви за предизвиците во оваа индустрија, желбата почна да расте со запознавањето на вештините со кои до тогаш не сум работела. Има многу работи кои би ѓи одбрала како топ 5 вештини, интересно ми е тоа што го работам затоа што си ја сакам работата. Од научените работи на Академијата би ги издвоила овие 5: видео едитирање, илустрација, типографија, основи на дизајн и фотоманипулација.

Дали наученото од Академијата го применуваш во секојдневниот живот и колку ти помогна да напредуваш во кариерата?

Ми помогна за уште повеќе да си ја засакам работата и ми даде дополнителна мотивација да почнам да се гледам себеси како Графички дизајнер. Основата е најважна, секојдневно ја користам и благодарение на тоа, уживам да ги надминувам предизвиците кои ги нуди оваа динамична индустрија. Кариерниот центар ми ја даде вистинската работна позиција која беше како создадена за мене, со тоа ми се отвори пат за понатамошно развивање.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација?

Да бидам константна во работата беше совет кој ми остави најголем впечаток. „Кликни Save на секои 10 минути” е совет по кој се водам и денес во мојата кариера.

#graphic-design
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР