Студент на Официјалната SimpliLearn Академија за дигитален маркетинг
Ивана Јариќ Соуса Роша – девојка со многу титули, од дипломиран новинар, светски морепловец и бродски фотограф, фриленс новинар, а во моментов ужива во најновата улога – мајчинството. Таа е студент на Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација.
Како дете растев и сонував со „Патуваме, сонуваме со Аурора“ и сакав да бидам патувачки фоторепортер. Завршив новинарство на Правен факултет и работев низ некои македонски онлајн медиуми. Но, уште како студент патував и шетав, во мое време популарна беше Work&Travel USA, па летна работа на грчки острови, ретко ме држеше место во Скопје.
Во 2013 година ја открив магијата на работењето од дома, па почнав да пишувам содржини за различни американски сајтови за патување, уредување на домот и DIY.
Но, мало ми беше Скопје, па по препорака за пријател фотограф, решив и јас да запловам во таа авантура на модерни морнари. Аплицирав на позиција фотограф бидејќи само за тоа имав искуство и многу брзо, јуни, 2014 година се качив на брод. Требаше да биде само еден договор, но, нови дестинации, одлична заработка, нови предизвици, и на крај, изработив осум договори, се омажив и се преселив во Бразил. Тотален пресврт во животот.
Би рекла дека дефинитвно пандемијата „ми ги отвори очите“. Одеднаш се најдов во Бразил, бидејќи бевме со бродот низ Јужна Америка кога светот стисна на стоп. Од динамичен бродски фотограф, станав „неискусна домаќинка“ во нов град, нова култура и без идеја што понатаму. Тука во Бразил не можам да работам како новинар, за фотограф е уште потешко без име и контакти, па додека бродовите беа закотвени, јас, за да не потонам во монотонија и депресија, се вработив како професорка во англиски јазик иако никогаш во животот немав држено часови. Но, за моја среќа, бразилците имаат многу силен акцент кога зборуваат англиски јазик, па нив им беше доволно моето познавање на јазикот иако немав ниту соодветна диплома, ниту искуство. Ми беше интересно, повеќе јас учев португалски, отколку што ги учев децата англиски. Но, тогаш сфатив колку сум наназад во мојата новинарска кариера и колку ми недостигаше да пишувам. На моја огромна среќа, ЦрноБело бараа соработници во тој период, па јас испратив мои идеи, пред сè за бродскиот живот, патувања и животот во Бразил, па почна една убава и успешна соработка што сè уште трае и ме мотивира да продолжам да пишувам.
Но, свесна бев дека не е доволно! Сакав стабилна и добро платена работа и кариера. И кога се вратив на брод по пандемијата, толку многу работи беа сменети, посебно за нас екипажот, што прекинав да уживам во работата како бродски фотограф. Иако додека бев на брод навистина прошетав, научив многу јазици и одлично заработив, направив три чекори назад во поглед на образование и напредување во идните технологии.
Семос Едукација е име во Македонија што за мене е синоним на успех и стабилност, поради мои блиски кои со мене го споделуваа своето искуство. Бидејќи бев заинтересирана за content marketing и copywriting, Акадамијата за дигитален маркетинг, беше очигледен избор. Многу познаници ми рекоа, не троши пари, цел живот пишуваш, сигурно ќе те земат во некоја агенција, но јас сакав да учам, зошто чувствував дека ми недостасуваше знаење, посебно во новите техники. Па, додека бев на брод, искомуницирав со Семос Едукација и почна целиот процес за запишување, фактот што живеам во Бразил, временски зони и одеше како „подмачкано“.
Прво, би почнала со високото ниво на организација и целата помош и разбирање околу процесот. Јас бев буквално на сред море кога ми ја презентираа програмата, па често доцнев со одговори на е-пошта и имаа разбирање за сето тоа што мене лично, многу ми значеше.
Под број два, но не помалку важно, е програмата, што почнуваш од нула, и што добиваш силна основа, без разлика на претходното знаење и работно искуство. Тоа што има платформа за self-learning е огромна помош и опција за постепено учење. Значи сама си ги организирам своето време за учење, можам да го вратам видеото три пати ако е потребно за да сум сигурна во наставната материја и материјалот е одлично презентиран.
Трето и најважното, предавачите!
Јас сум од типот, „ќе прашам, ама нема да згрешам“, па тие имаат одлично трпение за расчистување и детално појаснување на сите мои недоумници, прашања и проблеми. Од self-learning ја учам теоријата, а на предавањата со докажани и искусни експерти од светот на дигиталниот маркетинг ги учам сите трикови и сржта на бизнисот.
Се смени начинот на кој јас пишувам, сега знам да ја избалансирам креативноста со ефективноста, во зависност од темата. Како новинар, јас го сакам и практикувам раскажувачкиот стил и со долги реченици сликата да ја преточам во зборови, но тоа не е доволно за успех во дигиталниот маркетинг. Сега сум посвесна колку е важен клиентот и колку треба да се насочам на неговите потреби, и како да го зграпчам и задржам неговото внимание, притоа суптилно да влијаам на неговата купувачка одлука. Тоа е тоа што ми недостасуваше, развивањето на стратегија, моќта на одлуката и пишување согласно со купувачките афинитети на избраниот клиент. А сето тоа вклучува истражувачки техники и вештини, склоп на знаење и следење на трендови, на однапред поставени методи кои одлично фукциониратт и треба соодветно да се применат. Тоа не се учи во новинарство, тоа е вештина која стекнува на Академијата за дигитален маркетинг и се усоврешува постепено со конзистентен процес на учење и пракса.
Комбинирајќи го моето новинарско искуство и пасијата за пишување, со сите нови техники и вештини кои ги стекнав на Академијата, се фокусирам на градење на портфолио за кое се надевам дека ќе резултира во успешно вработување по завршувањето на Академијата. Силно верувам дека ќе успеам бидејќи постигнувам личен напредок, а со секој положен модул и нов сертификат сум уште помотивирана да продолжам.
Во мојата мала домашна канцеларија со мапа од светот пред мене, да ме потсетува на сето она што го доживеав и да ме мотивира да продолжам да пишувам, истражувам и учам. Мојата цел е пишување на содржини, copywriting и content marketing, иако менаџирањето на социјални мрежи исто така ме заинтересира по завршувањето на тој модул.
Уште од самиот почеток сериозно да си го загреат столчето и навистина да се посветат, и на предавањата и на учењето на платформата. Тоа е таа добитна комбинација. Мора да се вложи екстра труд за да се биде успешен. Според моето искуство, не е доволно тивко и немо да се следат предавањата, без интеракција со колегите и предавачите. Дигиталниот маркетинг е жива материја, постојано се менува, па затоа и ние, како студенти и идни професионалци, мораме будно и вредно да ги следиме сите промени, да го впивавме секој совет, препорака и збор од предавачите, секако со добра основа и реално учење на сржта на маркетингот. Академијата и предавачите ни ги даваат сите потребни алатки за усовршување на дигиталниот маркетинг како занаает, од само од нас и нашиот труд зависи какви мајстори ќе станеме по една година.