студент на Акредитираната Академија за човечки ресурси
Семос Едукација е реномиран едукативен центар во кој обуки и предавања спроведуваат стручни и висококвалификувани предавачи кои се експерти во својата област. Конкретно за Академијата за човечки ресурси дознав од социјалните мрежи и како личност која има повеќегодишно искуство и работа во областа на човечки ресурси во јавниот сектор, добив желба да бидам дел од оваа Академија со цел за стекнување нови знаења и вештини и доусовршување во областа на човечките ресурси.
Себеси се гледам со успешна кариера на висока работна позиција во областа на управување со човечки ресурси, на која што ќе можам да го применам моето долгогодишно работно искуство збогатено со новите знаења и вештини стекнати на Академијата. Со тоа ќе остварам свој личен успех и развој, а воедно развој и напредок на компанијата во која би работела.