Интервју со Демјан Анатоли

студент на Акредитираната JavaScript академија

БЛОГ ОБЈАВА
Што е она со кое JavaScript Академијата во Семос Едукација се издвојува од останатите Академии на пазарот?

Семос Едукација е IT едукативен центар кој е постојан на пазарот и според мене нуди постабилен резултат од останатите. Тоа оди во тандем со пониската цена од поголемиот дел од конкуренцијата, факт кој ми помогна да ја изберам токму Семос JavaScript Академијата како вистински избор за моето надградување во ова поле.

Кој беше твојот прв впечаток на почетокот од Академијата и какво е твоето досегашно искуство?

Моето прво искуство со Семос Едукација го остварив пред 15 години, кога ги посетував курсевите за MS Оffice, графички дизајн и програмирање за деца, така што веќе знаев што да очекувам. Покрај тоа, пријатно сум изненаден од посветеноста на предавачите и деталноста на вежбите на Академијата.

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

Да го крунисам мојот пат за менување на кариерата со вработување во ИКТ секторот во и да продолжам да се усовршувам во таа насока со цел да развијам стабилна и успешна кариера.

#javascript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР