Успешна приказна – Давид Милановски

HR Академија во IT сектор

БЛОГ ОБЈАВА
Кажи ни нешто за себе. Кој е Давид?

Неколку години работев во доменот на човечки ресурси и затоа се одлучив да ги усовршам моите знаења и вештини во таа насока, како и мојата кариера. Исто така, како дипломиран правник, сметав дека усовршувањето во областа на човечки ресурси е логичен чекор во надградувањето на моето образование.

Како започна твојата Семос приказна??

Мојата Семос приказна започна минатото лето, кога конечно решив да превземам храбар чекор и да се запишам на Академијата за HR во IT сектор. И покрај формалното правно образование, веќе некое време работам во доменот на човечки ресурси. Токму поради ова, решив да го проширам своето знаење и да се поврзам со она што искрено го сакам.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Успешната соработка на Кариерниот центар со Agile Pro Solutions и настанот Career Hangouts кој заеднички го организираа, ми овозможи да се вработам како HR Администратор во компанијата и да се стекнам со знаења за процесот на регрутација, за мерење на перформанс на вработените, техники за мотивација на вработените и уште многу корисни совети поврзани со HR индустријата.

Како ти помогна Академијата во тоа што го работиш денес?

Академијата ми даде можност за практична работа со одлични инструктори кои несебично го споделуваат своето знаење. Благодарение на сето ова, се стекнав со добра основа и знаење кои ми овозможија конечно да го работам она во кое се пронајдов.

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Работам во HR тим во компанија со речиси 100 вработени, секој ден е многу динамичен и различен од претходниот. Подразбира комуникација со многу колеги и кандидати за вработување, постојано приоретизирање на задачи и одговорности и многу стратешко размислување за следните чекори во работата.

#hr-in-it
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР