Интервју со Дарко Младеновски

студент на Официјалната Microsoft .NET Академија

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Дарко, честитки за вистинскиот избор на едукативен центар. Најпрво кажи ни, зошто ја избра Семос Едукација?

Како дипломиран електроинженер со повеќегодишно работно искуство во областа на индустриската автоматизација, програмирањето, иако поразлично од класичното програмирање беше дел од мојата секојдневна работа и беше моја мотивација да направам кариерна промена. Сметав дека Семос Едукација, како лидери во својата дејност изминатава деценија се вистинските кои ќе ми помогнат да ја постигнам својата цел. Големиот избор на официјални и детално изработени програми, постојаната поддршка и помош која е присутна во процесот на едукација како и многубројните успешни приказни на поранешни студенти се само дел од причините кои ме убедија дека Семос Едукација е најдобиот избор за моето усовршување во програмирањето.

Зошто се одлучи за .NET Академијата?

.NET Академијата на Семос Едукација најмногу одговараше на моите потреби – програмата е напредна, опфаќа front-end и back-end програмирање, како и Cloud технологии и е предвидена за луѓе со искуство во програмирање. Содржината на Aкадемијата е одлично структурирана, се работи по официјална Microsoft програма, предавањата се флексибилни и интерактивни, а можноста за полагање и стекнување со сертификатот AZ -204 е само дополнителна мотивација.

Каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам како успешен Full-Stack .NET Developer, кој секојдневно работи и учи за најновите технологии. Моментално работам како Junior Software Developer во една компанија и се надевам дека стекнатото знаење и искуство од .NET Aкадемијата ќе ми помогнат побрзо да ги совладам предизвиците со кои секојдневно се соочувам на работа и да напредувам во својата кариера.

#.NET
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР