Промена на кариера: Како да го направиш тоа правилно?

Три реални приказни. Една HR перспектива. И сè што треба да знаеш пред да го направиш чекорот.

БЛОГ ОБЈАВА

Седиш на работа. Ја завршуваш задачата. Ја добиваш платата. И така во круг, а внатре нешто ти вели - ова не е тоа.

Не е дека е лошо. Едноставно - не е твое.

„Што ако ја сменам кариерата?"

И веднаш доаѓаат сомнежите: доцна е, немам искуство, од каде да почнам, а ако не успеам?

Ако темава ти е позната - продолжи да читаш.

Промената не е проблемот. Пристапот е.

Илјадници луѓе секоја година ја менуваат професијата. Некои успеваат, некои не. Разликата е во начинот, оние кои успеваат не чекаат совршен момент, инвестираат во конкретни вештини, бараат насока од луѓе кои веќе го поминале тој пат и го издржуваат стравот наместо да чекаат да исчезне.

Доста со теорија. Како изгледа тоа во пракса?

CAREER SWITCH DAY - 05.03.2026

Панел дискусија со тројца говорници кои ќе ти кажат, искрено и без филтри - како реално се менува професија.

Спикери

Запознај ги луѓето кои веќе направиле успешен career switch.

🎙️
Бојан Буџаровски

Визуелен дизајнер | Брендинг & Дизајн консалтинг

Кариерата ја започнал во стоматологијата. По едукацијата на Академијата за графички дизајн во Семос Едукација, направил целосен транзит кон креативната индустрија. Денес работи на визуелни идентитети, бренд стратегии и комуникациски решенија. Дел е и од Fashion Weekend Skopje како Guest Manager.

„Верувам во храброста за кариерни промени и во силата на дизајнот како алатка што создава реална вредност."

🎙️
Стефанија Софеска

Junior графички дизајнер | AdValue

Пред да се запише на Академијата за графички дизајн во Семос, главното прашање било: „Дали сум доволно добра?" Денес работи на реални маркетинг кампањи во AdValue, секој ден, со реални клиенти.

„Стравот е нормален, но упорноста и вербата во себе секогаш носат резултати."

🎙️
Ника Зикова

HR Manager | Upshift Engineering

Магистер по организациски науки. Добитник на наградата Млад HR Ентузијаст 2021 од МАЧР. Ко-автор на два академски трудови. Предавач на Академијата за HR во Семос Едукација.

Додека Бојан и Стефанија зборуваат за својот пат, Ника дава одговор на прашањето кое сите го имаат: како, дали и кога да се направи кариерна промена.

Што конкретно ќе дознаеш?
  • Како изгледа процесот – од одлука до вработување
  • Кои грешки најчесто се прават и како да ги избегнеш
  • Како пазарот на труд гледа на career switchers
  • Конкретни чекори за правилна транзиција
  • Одговори на твоите прашања во живо
Детали за настанот

CAREER SWITCH DAY

📅 05.03.2026 (четврток)

🕕 18:00 ч.

📍 Семос Едукација, Скопје

Бесплатен влез

Ограничен број места

Не мора да одлучиш денес дали ќе ја менуваш кариерата. Но можеш да дојдеш и да слушнеш како од луѓе кои веќе го направиле тоа.

СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР