Интервју со Александар Стевковски

студент на Акредитираната JavaScript Академија

БЛОГ ОБЈАВА
Здраво Александар. Најпрво, зошто се одлучи за JavaScript Академијата?

Долго време сакав да почнам да учам JavaScript, програмски јазик кој е основа за секоја веб страна и веб апликација. Бев во потрага по Академија со квалитетна програма која ќе ми овозможи да го научам овој програмски јазик. По подолго истражување и позитивните коментари за квалитетот на програмите на Семос Академиите, се одлучив да ја запишам JavaScript Академијата во Семос Едукација.

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Прво, најголем впечаток ми оставија предавачите и тимот на Семос Едукација. Предавачите со својата професионалност, достапност и посветеност кон разјаснување на сите детали, што е многу важно особено кога си почетник во светот на програмирањето, а тимот на Семос Едукација за начинот на организација на предавањата и нивната посветеност кон навремено и брзо давање на потребните информации. Потоа, големиот број на вежби овозможуваат полесно да се навлезе и да се совлада материјата. Следењето на наставата е онлајн, а тоа за мене е посебно важно бидејќи ми овозможува да ја следам наставата каде и да сум.

Кои се твоите очекувања по завршувањето на Академијата?

По завршувањето на Академијата очекувам да совладам нови вештини кои ќе ми овозможат самостојно да изработувам веб апликации, вештини полни со предизвици кои овозможуваат да се учи и напредува и во иднина.

#javascript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР