Интервју со Александар Максимов

студент на Официјалната CertNexus Академија за вештачка интелигенција

БЛОГ ОБЈАВА
Најпрво, кажи ни нешто за себе. Кој е Александар?

Откако дипломирав како Офицер за воздушно набљудување и јавување на Воената академија во Скопје, својата работна кариера најпрвин ја започнав во Министерството за одбрана, за подоцна да продолжам со долгогодишна работа во Министерството за внатрешни работи на различни работни позиции. Како личност сум амбициозен, посветен и упорен. Мојата долгогодишна желба за изучување на вештачката интелигенција и стекнување на нови знаења и вештини преку Академијата на Семос Едукација стана реалност за мене. Како почетник во оваа област, со несебичната помош и поддршка од тимот на Семос Едукација заедно со мојата упорност и трпеливост и покрај секојдневните работни задачи и обврски кои ги имам, успевам успешно да ги совладам вештините и техниките на програмирањето, вештачката интелигенција и machine learning.

Зошто се одлучи за Академијата за Вештачка интелигенција?

Затоа што Вештачката интелигенција е предизвик на иднината. Со модернизирањето на начинот на живеење и технолошкиот развој во светски рамки, вештачката интелигенција се повеќе зазема клучна улога во сите сегменти на живеењето и развој во општеството. Од тие причини, за сите нас неопходно е да бидеме во чекор со новото време кое е на повидок.

Зошто ја избра Семос Едукација?

Семос Едукација е прв и единствен едукативен центар во Македонија кој започна со Академијата за вештачка интелигенција, сертифицирана од CertNexus. Зошто ја избрав Семос Едукација? Затоа што тие се тим од професионалци кои ги имаат сите потребни знаења и вештини во областа на IT технологиите. Семос Едукација е престижен едукативен центар кој во нашата држава веќе 28 години произведува кадри, успешни во своите области и својата кариера ја градат во познати компании во IT индустријата ширум земјата и светот.

#artificial-intelligence
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР