Интервју со Александар Јаневски

студент на Акредитираната JavaScript Академија

БЛОГ ОБЈАВА
Кажи ни нешто за себе. Кој е Александар?

Јас би се опишал како дисциплиниран, љубопитен и перфекционист. Завршив додипломски студии за туризам на Природно Математичкиот Факултет со висок постигнат успех. Во слободното време уживам во игри, гледање на филмови и серии, и учење на нови работи, било тоа технологија или светот околу нас.

Зошто се одлучи за JavaScript Академијата во Семос Едукација?

Со програмирањето бев скаран од моето средно образование. После неколку години, следејќи ги новите трендови се решив да се испробам во оваа област и сфатив дека можам да го работам ова. Успеав во нешто што мислев дека е невозможно и решив дека јас сакам ова да го совладам.

Опиши го твоето искуство со Академијата и што најмногу ти се допадна од неа?

Академијата ми помогна да ја катализирам мојата кариера во ИТ индустријата. Сретнав голем број на профили од секоја област, а со дел останав во контакт и до денес. Предавачите беа професионални и пријателски настроени кон сите учесници. Домашните задачи голем дел помогнаа во одржување на вештините и топло би препорачал да не се занемаруваат. Предавачите во било кое време, во било кој ден ми се нашле и ми помогнале за било какви прашања. Самата програма од се најмногу ми се допадна, верувам дека секој кој може да посвети време ќе може лесно да навлезе во оваа област.

Како изгледа еден твој типичен работен ден?

Мојот типичен работен ден би го опишал како прилично релаксиран. Уживам во пријатната атмосфера и имам колеги кои секогаш се достапни да ми помогнат за било какви предизвици..

Како ти помогна Академијата во тоа што го работиш денес?

JavaScript како јазик беше прилично лесен за совладување. Преку Академијата, имав програма што овозможи лесно разбирање на веб девелопмент. Со помош на JavaScript, успешно совладав голем број на други технологии и јазици, што пред тоа не беше можно.

#JavaScript
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР