Стефан Бојчески од Академијата за Дигитален маркетинг
Промената на кариерата понекогаш започнува со едноставна желба да се работи нешто што ве исполнува. Таков беше и случајот со нашиот студент Стефан, кој по 9 години како забен техничар, ја најде својата пасија во дигиталниот маркетинг.
„Уште на првите предавања сфатив дека ова е полето што ме исполнува. Динамиката, креативноста и можноста веднаш да се видат резултатите од трудот ме мотивираа. Со една добра идеја и правилна стратегија можеш да влијаеш врз многу луѓе - тоа ме увери дека сум на вистинскиот пат.“
„Кога преку практичните задачи видов како теоријата се применува во реални ситуации. Работата со алатки за креирање содржина и анализа ми покажа дека мали промени во стратегијата носат голема разлика во резултатите.“
„Академијата ми даде цврста основа - од алатки и техники, до стратегиски пристап и креативно размислување. Благодарение на тоа веднаш се вклопив во тимот и можев да преземам реални задачи со самодоверба.“
„Беше неверојатно чувство да добијам понуда за работа додека сè уште бев на Академијата. Тоа беше потврда дека вложениот труд се исплатува и дополнителна мотивација да продолжам уште посилно.“
Креирање стратегии за социјални медиуми, пишување содржина и анализа на резултати, сите практично научени на Академијата.
„Не се двоумете! Ако сакате креативност, работа со луѓе и постојано учење, дигиталниот маркетинг е вистинскиот избор. Академијата е совршен почеток за практично знаење и реални можности уште од старт.“