Во време каде што брзите промени во технологијата и бизнисот создаваат потреба за постојано учење и приспособување, кариерната трансформација станува животен аспект за успешната кариера. Во овој контекст, Семос Едукација се истакнува како прв IT тренинг центар кој не само што го олеснува процесот на трансформација туку и го препознава и поддржува потенцијалот на младите луѓе во нивните кариерни патишта.
Оваа година за мартовските уписи 2024, во Семос Академии доделуваме стипендии во вредност до 14.000 евра, со што им овозможуваме на младите професионалци да имаат финансиска поддршка за обука и развој, што го прави уште подостапен и попривлечен процесот на кариерна трансформација. Оваа иницијатива поставува нов стандард во областа на обука и развој, давајќи значаен придонес во градењето на успешна кариера кај младите професионалци.
Инспирирани од подемот на најбрзо растечките професии на иднината, направивме кариерни трансформации кај над 120.000 слушатели.
Нашите обуки се сертифицирани и меѓународно признаени. Често луѓето прашуваат каде ќе важи мојата диплома? Нашите сертификати се меѓународно признаени од најпознатите IT светски брендови како Microsoft, ISTQB, Adobe, Autodesk, и се учи според истата литература и вежби како во целиот свет.
Предавачите во Семос Академии се сертифицирани професионалци. Тие имаат зад себе долгогодишно искуство и се сертифицирани од овие светски брендови.
Нашите предавања се во реално време и можете да ги следите од каде било. Нашето искуство и искуството на многубројните слушатели ширум светот, кажува дека следењето на предавањата со присуство на предавач се многу по квалитетни и слушателите се стекнуваат со повеќе знаење и имаат можност да прашаат се што не им е јасно.
Според истражувањето на LLPA, 98% од студентите кои следат обука со инструктор во реално време, успешно ја завршуваат обуката до крај и се стекнуваат со сертификат, наспроти само 1,7% од слушателите кои комплетно завршуваат снимени обуки.
Нашите групи се ограничени на максимум 15 слушатели со цел да се постигне индивидуален пристап кон секој слушател и на секој слушател да му се обрне доволно време и внимание да го совлада материјалот.
Наскоро ќе објавиме 3 нови академии со кои веруваме дека ќе одговориме на интересот на многу слушатели за нови индустрии. Наскоро ќе објавиме 3 нови академии со кои веруваме дека ќе одговориме на интересот на многу слушатели за нови индустрии.
Аплицирај за стипендија и не ја пропуштај оваа можност да го започнеш твоето патување во IT или креативната индустрија!
Аплицирај за стипендија