Rising Star of the Week: Марија Васовска

Мојата приказна со Семос започна од желбата да го продлабочам знаењето и да добијам поширока перспектива за HR.

БЛОГ ОБЈАВА
Кажи ни нешто за себе, која е Марија и како започна твојата приказна во Семос Едукација?  

Јас сум Марија Васовска, работам како регионален HR и сум дел од динамична средина во мало продажба каде секојдневно работам со луѓе и развој.

Мојата приказна со Семос започна од желбата да го продлабочам знаењето и да добијам поширока перспектива за HR - не само како функција, туку како вистински бизнис партнер.

Кое е твоето лично мото?

Не чекај да бидеш подготвен, растот започнува кога ќе преземеш одговорност и ќе учиш во процесот.

Што најмногу ти остава впечаток од Академијата за човечки ресурси?

Најголемиот впечаток од Академијата не се само знаењата, туку промената во размислувањето.

HR не е административна функција - тоа е позиција од која директно влијаеш на културата, перформансот и насоката на бизнисот.

Ова искуство ме натера да излезам од „оперативниот режим“ и да почнам свесно да носам одлуки како партнер на бизнисот, а не само како поддршка.

Академијата ми покажа дека вистинската моќ на HR е во тоа да создава средина каде луѓето се чувствуваат мотивирани и ценети.

Колку академијата ти помага во твоето професионално развивање?  

Академијата ми помага да го надградам она што веќе го работам, но со многу поголема јасност, сигурност и свесност за влијанието што го имам.

Ми дава структура на моето искуство и ми помага секојдневните ситуации да ги гледам поаналитички и поосмислено.

Тоа што го учам не останува теорија, туку веднаш го препознавам и применувам во пракса, што за мене е најголемата вредност.

Академијата ми овозможува да ја гледам мојата улога со поголема стратегиска перспектива и да градaм влијание врз организацијата. Таа ми дава алатки со кои секојдневните предизвици ги претворам во можности за развој и подобрување.

Порака до идни студенти

Ако влегувате само за да „научите нешто ново“, ќе добиете знаење.

Ако влегувате подготвени да го промените начинот на кој размислувате - ќе излезете на сосема друго ниво.

Изборот е ваш.

Дознај повеќе за Академијата за човечки ресурси.

#hr
СЛИЧНИ БЛОГ ОБЈАВИ

СТАНИ И ТИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Запиши се на Семос Академија!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР