Кристијан – од љубопитност до самостојна Full Stack апликација
Запознајте го Кристијан, млад и амбициозен ентузијаст кој својата љубов кон технологијата ја претвори во реална насока за професионален развој. Неговата приказна е инспиративен пример дека вистинската промена започнува кога ќе се осмелиш да го направиш првиот чекор.
„Јас сум Кристијан и обожавам програмирање,“ започнува тој. „Не се пронајдов на факултет, па решив да ѝ дадам шанса на Семос Едукација и тоа беше една од моите најдобри одлуки. Искрено, позитивно сум изненаден и многу задоволен од целото искуство.“
Кристијан од секогаш имал интерес за технологија, но не секогаш и вистинска насока. Академијата му помогнала да го насочи тој ентузијазам и да изгради солидна основа во светот на програмирањето.
Кристијан од секогаш имал интерес за технологија, но не секогаш и вистинска насока. Академијата му помогнала да го насочи тој ентузијазам и да изгради солидна основа во светот на програмирањето
Тој ја препознава вредноста на практичното знаење и насоката што ја даваат инструкторите, нешто што често недостига во традиционалниот образовен систем.
На прашањето што најмногу му оставило впечаток од JavaScript Академијата, Кристијан без двоумење одговара:/p>
„Дефинитивно најдобрите професори кои некогаш сум ги имал. Точно знаат на кои делови студентите се соочуваат со потешкотии и умеат да се фокусираат таму, со што учењето станува полесно и поинтересно.“
Токму тој човечки и менторски пристап ја создава разликата, атмосфера во која студентите се чувствуваат охрабрени, а не исплашени, и каде знаењето се гради преку искуство, а не преку страв од грешки.
Кристијан верува во трудот и во идејата дека секој напор денес е инвестиција за утре. Неговото лично мото е едноставно, но моќно:
„Колку повеќе се трудиш сега, уште повеќе ќе уживаш во животот понатаму.“
Со таков став и дисциплина, не е ни чудо што веќе гради стабилна основа за својата иднина во IT индустријата.
На сите кои размислуваат да направат промена во кариерата или да започнат од нула, Кристијан им порачува:
„Може да изгубите една година и некоја сума пари, но за возврат ќе добиете добро платена професија и можност да градите иднина во која ќе бидете почитувани.“
Кристијан е уште еден пример дека кога ќе се најде вистинската средина, талентот и посветеноста секогаш излегуваат на површина. Семос Едукација е местото каде љубопитноста се претвора во вештина, а вештината во кариера.
Дознај повеќе за JavaScript Академијата