Ново ниво на знаење со AI
Одбери ново ниво на знаењеКако тренинг центар и синоним за квалитет, Семос Едукација секогаш е во чекор со најновите трендови во ИТ едукацијата со тоа што ги носи најновите технологии со кои им нуди кариерен развој и ги движи чекор напред нашите студенти на пазарот на трудот.
Со воведувањето на модули за вештачка интелигенција (AI) во сите наши академии, презентираме ново ниво на знаење и можности за нашите студенти. Нашата цел е да им овозможиме на студентите да се опремат со најновите вештини и да бидат подготвени за новите работни места кои бараат познавање и вештачка интелигенција.
Најпрво ја воведуваме бесплатната обуката “Genreative AI” во сите академии, обука со која студентите ќе ги совладаат концептите на генеративната вештачка интелигенција како генерирање текст, код, слики, видео и аудио и ќе стекнат конкурентна предност при креирањето на иновативни дизајни и модели. Generative AI им овозможува на студентите на академиите да ја зголемат својата ефикасност, креативност и квалитет на дизајн, обезбедувајќи им напредок во секоја сфера.
Потоа, во академиите вклучуваме AI модули кои ја унапредуваат секоја програма, а студентите ќе добијат додадена вредност за самата професија и по завршувањето на академијата тие ќе се подготвени за брз влез во било која индустрија.
Што нè разликува од останатите?
Инспирирани од подемот на најбрзо растечките професии на иднината, направивме кариерни трансформации кај над 130.000 слушатели. Нашите обуки се сертифицирани и меѓународно признаени. Често луѓето прашуваат каде ќе важи мојата диплома? Нашите сертификати се меѓународно признаени од најпознатите IT светски брендови како Microsoft, ISTQB, Adobe, Autodesk, и се учи според истата литература и вежби како во целиот свет.
Предавачите во Семос Академии се сертифицирани професионалци. Тие имаат зад себе долгогодишно искуство и се сертифицирани од овие светски брендови. Нашите предавања се во реално време и можете да ги следите од каде било. Нашето искуство и искуството на многубројните слушатели ширум светот, говори дека следењето на предавањата во присуство на предавач се многу поквалитетни и слушателите се стекнуваат со повеќе знаење и имаат можност да прашаат сè што не им е јасно.