Министерство за образование и Наука лого
Autodesk

Академија за внатрешен дизајн

Акредитирана институција за образование на возрасните за Дизајнер за внатрешно уредување

Доколку сакаш да стекнеш искуство во внатрешен дизајн, да започнеш кариера во оваа динамична област или да имаш свој сопствен бизнис - ние имаме темелна, долготрајна и Официјална програма за тебе.

Со користење на водечкиот софтвер (AutoCAD, Revit, SketchUp, 3DS Max, Photoshop) ќе ги научиш неопходните техники и know-how со цел да креираш дизајн на ентериери во склоп со современите, функционалните и естетските стандарди.

Учи од врвни и сертифицирани инструктори и професионалци во тек на 210 часа, преку практично менторство со консултанти од реномирани компании и работа на реални проекти.

ЗАКАЖИ СРЕДБА
ПРОГРАМА

Семос Компјутерски Образовен Центар е установа за образование на возрасните за реализација на посебна програма Дизајнер за внатрешно уредување, бр.УП113 – 3507 од 22.12.2021год.

Од декември 2021 година, Семос Едукација стана акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за реализација на посебната програма Дизајнер за внатрешно уредување.

Ако бараш професија која нуди креативна слобода, ефикасно планирање и креирање на естетски дизајнерски решенија за функционален и релаксиран ентериер, акредитираната Академија за внатрешен дизајн е совршен влез во оваа брзо растечка индустрија.

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство со консултанти од реномирани компании во текот на наставата. Сето ова со цел студентите да ги развијат своите вештини во внатрешен дизајн преку интересен, забавен и модерен начин.

Оваа академија е за тебе доколку си:

Уметничка душа

Креативен

Можеш лесно да визуализираш

Имаш око за детали

Имаш уникатен стил на изразување

Брзо и лесно решаваш проблеми

Зошто дизајнер на ентериери?

Да се биде дизајнер на ентериер значи да се создава изгледот и чувството на просторот, без разлика дали тоа е внатрешна просторија, зграда или некоја друга околина.

Внатрешниот дизајн е архитектонско-дизајнерска дисциплина во индустрија која продолжува да расте со огромна брзина. Се очекува светскиот пазар на дизајн на ентериер да изнесува $255,4 милијарди до 2027.

Доколку си личност со голема креативност, уметнички афинитети, сопствено чувство за стил и за комбинирање на различни елементи во конкретен простор, сега е вистинското време да научиш преку практично менторство со консултанти од реномирани компании и работа на реални проекти.

Модули Часови
Теорија на дизајн 9
Основи на просторно планирање 9
Софтверско проектирање со AutoCAD 39
Студио 1 – работа на реален проект - техничка документација 12
Основи на просторно планирање 9
Проектирање на ентериер со SketchUp 39
3Д моделирање, анимација и визуализација со 3DS Маx 39
Студио 2 - работа на реален проект (3Д визуализација) 12
БИМ проектирање на ентериер со Revit 39
Визуализација со Photoshop 21
Кариера 9
Работа на финален проект 6

По завршувањето на академијата ќе знаеш да ги користиш основните принципи за внатрешен дизајн, ќе анализираш проектна програма и дефинираш просторни барања. Ќе правиш разлика помеѓу архитектонски, градежни и структурални конструкции.

Исто така ќе можеш да моделираш ентериерни елементи и простор, како и да анализираш елементи од некој проект. Ќе можеш да изработиш идејно решение, материјали за уредување на ентериер, како и да моделираш елементи за уредување на истото.

Ќе бидеш подготвен да издаваш дополнителна документација како и ќе вршиш завршна контрола на еден изведен проект. Најважно, ќе можеш успешно да комуницираш со клиенти и деловни соработници.

Признаени професионалци и сертифицирани Autodesk инструктори, со богато портфолио, високо професионални и компетентни за предавања во архитектурата и внатрешниот дизајн.

Трајче Стојанов

Трајче Стојанов

International BIM Consultant

Autodesk Certified Instructor

CEO & Founder @ZWEI LTD

17+ години искуство

Иво Богојевски

Иво Богојевски

Autodesk Certified Instructor

3D Artist @fx3x

14+ години искуство

Јулија Груевска

м-р Јулија Груевска

Autodesk Certified Instructor

MSc of Architecture

CEO & Founder @Studio JGA

10+ години искуство

Јасмина Антиќ

м-р Јасмина Антиќ

Global Career Development Facilitator (GCDF), MSc, Human Resources Menagement and services

Head of Human Resources

15+ години искуство

Марија Постоловска

Марија Постоловска

Autodesk Certified Instructor

Photographer @Focus Photography Skopje

10+ години искуство

Борис Илиев

д-р Борис Илиев

PhD, Wood Science & Technology

Interior and furniture designer /Visiting Professor

9+ години искуство

Петар Туфа

Петар Туфа

Autodesk Certified Instructor

Architect

16+ години искуство

Костандина Ангеловска

Graduate Facade Engineer @Ramboll

3+ години искуство

Конкурсот за стипендија е затворен!

Со твојот упис добиваш бесплатни три курсеви во еден пакет во вредност од 500€:
1. Фриленс курс во вредност од 200€

Фриленс работењето е одличен старт по завршување на академијата.

По завршување на Академијата, ти овозможуваме фриленс курс во вредност од 200€, а ти ќе имаш можност да го слушаш бесплатно.

Содржина на курсот:
Комуникација со клиенти
Time management
Project management
Плаќање и даноци
Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил

Со посета на курсот ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!

2. Обука GenAIBIZ во вредност од 200€
Содржина на курсот:
Основи на вештачка интелигенција
Генерирање на текст користејќи AI
Генерирање на код користејќи AI
Генерирање на слики и видеа користејќи AI
Генерирање на аудио користејќи AI
Идентификација на предизвици врзани со генеративна AI
Имплементација на бизнис стратегии за генеративна AI
3. Обука за Лична организација и менаџмент ориентиран кон резултати во вредност од 100€
Содржина на курсот:
Познавање и разбирање на поимот „клиенти“, надворешни и внатрешни клиенти
Разбирање на услугите што им се даваат на клиентите
Ефективни начини за комуникација, важноста на повратните информации од клиентот
Проценка на клиент, решавање на конфликти и одговорно однесување
Проценка на лична ефикасност
Организациска ориентираност кон реузултати
Ориентираност кон акција и проценка на ефикасност
Стратегија за подобрување на резултати и градење вештини

1.550 EUR

искуство

Потребно искуство

Почетник

времетраење

Времетраење

10-12 месеци

часови

Број на часови

243 часови

цена

15% попуст до 30 август

сертификат

Државен сертификат од МОН

сертификат

3 Меѓунаредни сертификати од Autodesk и 1 Меѓународен сертификат од Adobe

плаќање

Плаќање

Во готово / на рати

обука

Тип на обука

Онлајн/во живо

динамика

Динамика

2-3 пати неделно

почеток

Почеток

30 септември 2024

слободни места

Мали групи до 15 студенти со цел индивидуален пристап кон секој слушател

РЕЗЕРВИРАЈ МЕСТО
ШТО ЌЕ НАУЧИШ НА АКАДЕМИЈАТА?
AutoCAD

Ќе научиш како да го користиш софтверот AutoCAD за софтверско проектирање и техничка документација

SketchUp

Ќе научиш како да го користиш софтверот SketchUp за проектирање и визуализација на ентериер

3DS Max

Ќе научиш како да го користиш софтверот 3DS Max за професионално 3Д моделирање, анимација и фотореалистична визуализација

Revit

Ќе научиш како да го користиш софтверот Revit за БИМ проектирање на ентериер

Photoshop

Ќе научиш како да го користиш водечкиот софтвер за обработка на фотографии и рендери – Photoshop

ПО АКАДЕМИЈАТА
Каде те гледаме по завршувањето на академијата?

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти. 

КОН КАРИЕРЕН ЦЕНТАР
award

Сертификати

По завршување на програмата и изработка на завршен проект, ќе се стекнеш со сертификат за успешно завршена програма Дизајнер за внатрешно уредување од МОН и диплома од Семос Едукација. Дополнително 4 Меѓународни сертификати: Autodesk AutoCAD, Autodesk 3DS Max, Autodesk Revit for Interior Design, Adobe Photoshop.

certificate1
certificate1
certificate2
certificate2
certificate2
certificate2
ДИГИТАЛНИ БЕЏОВИ
3DS
AutoCAD
Revit
АНАТОМИЈА НА INTERIOR DESIGNER
работа
Каде ќе работиш?

Во архитектонски бироа

Дизајнерско студио

Во градежни компании

Компании за производство на мебел

Продажни салони

Freelancer

плата
Колку ќе заработуваш?

Во просек ќе заработуваш 34.000 денари месечно (mojaplata.mk), односно

$4.400 глобално

бенефити
Дали имаш придобивки?

Растечка индустрија

Добра плата

Можност да се работи од било каде

Креативна работа

Interior Designer

INTERIOR DESIGN

ПОВЕЌЕ ЗА АКАДЕМИЈАТА
УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ
СОРАБОТНИЦИ

110+ КОМПАНИИ ВЕРУВААТ ВО КВАЛИТЕТОТ И
ЗНАЕЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ НА СЕМОС АКАДЕМИИ.

ВИДЕО ПРИКАЗНИ
Дијана Василевска

Закажи средба со Дијана!

Раководител на Академија за внатрешен дизајн

mail icon

dijana.vasilevska@semos.com.mk

working time icon

+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

Закажи средба со Дијана!

Дијана Василевска

dijana.vasilevska@semos.com.mk

+389 70 349 030, секој работен ден од 09:00 - 17:00 часот.

ДАЛИ ТИ СИ СЛЕДНИОТ ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ?

Откриј ги можностите веднаш!

НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР